ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА – НЕМА КАНДИДАТИ, ИЗЛЕЗНОСТА Е 100%

    ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА – НЕМА КАНДИДАТИ, ИЗЛЕЗНОСТА Е 100%Изборниот ден во Северна Кореја се сфаќа како празник (Фото: Гети)

    Севернокорејците денеска гласаат на парламентарните избори, втори откако на власт е Ким Џонг-Ун и се очекува излезноста да биде стопроцентна.

    Иако Народното собрание нема вистинска власт, гласањето е задолжително и притоа нема избор на кандидати, ниту опозиција. Излезноста речиси секогаш е максимална, а новиот состав се одобрува едногласно. Во Северна Кореја право на глас имаат сите жители со наполнети 17 години и сите мора да излезат на изборите.

    „Во знак на лојалност, од вас се очекува да се појавите што е можно порано, што значи и дека нема да има долги редици“, вели аналитичарот Фјодор Тертицки.

    На гласачкото ливче има само едно име и нема што да се пополнува или заокружува, туку тоа само треба да се уфрли во кутијата, која е поставена на јавно место.

    „Теоретски, имате право да го пречкртате единствениот кандидат на ливчето, но тоа сигурно значи дека ќе ве посети тајната полиција“, додава Тертицки.

    Изборниот ден во Северна Кореја се сфаќа како празник. Кога ќе го напуштите гласачкото место, од вас се очекува да се придружите на групите кои прославуваат и на тој начин се искажува среќата што сте можеле да го изберете мудрото водство на државата.

    Народното собрание има петгодишен мандат и тоа е единственото законодавно тело во државата. Во парламентот има три партии, но тие во ништо не се разликуваат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира