ПАРЛАМЕНТОТ НА ЦРНА ГОРА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

    ПАРЛАМЕНТОТ НА ЦРНА ГОРА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТОПаралелно со одржување на седницата проруските партии организираа протест пред Парламентот (Фото: АП)

    Сите 46 присутни пратеници во парламентот на Црна Гора  едногласно ја донесоа одлуката за влез на Црна Гора во НАТО. Се гласаше за предлог-законот за потврдување на Северноатлантскиот договор, со кој се обезбедуваат условите за пристапување на Црна Гора во НАТО.

    Парламентот има 81 пратеници, но проруските пратеници ја бојкотираа седницата.

    Црна Гора има армија од само околу 2.000 војници, но стратешки е позиционирана за да му даде на НАТО целосна контрола на Јадранското море. Останатите јадрански држави – Албанија, Хрватска и Италија веќе се членки на Алијансата.

    Покрај владејачката коалиција, членството на Црна Гора во Алијансата го поддржаа и пратениците на Социјалдемократската партија, кои единствени од опозициските партии присуствуваше на парламентарната седница што се одржа во Цетиње.

    Паралелно со одржување на седницата, Демократскиот фронт организираше протести поради одлуката за членство на Црна Гора во Северноатлантската алијанса. Тие нагласија дека нема да ја признаат одлуката на парламентот. Протестите почнаа пред објектот на Општина Цетиње, во кој се одржуваше седницата. Демонстрантите извикуваа „Убијци“, „Арамии“ и „Предавство“, а запалија и знаме на НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира