ПАРТИЈАТА НА ОРБАН ИЗЛЕЗЕ ОД ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА

    ПАРТИЈАТА НА ОРБАН ИЗЛЕЗЕ ОД ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈАМнозинството членови на Европската народна партија веќе се залагаа за исклучување на Фидес (Фото: Гети)

    Унгарската владејачка партија Фидес објави дека излегува од централнодесничарскиот блок во Европскиот парламент откако тој изгласа измени во својот правилник, што ќе овозможат исклучување поединци, па дури и цели партии од членството.

    Мнозинството членови на Европската народна партија (ЕПП) се залагаа за исклучување на партијата на Виктор Орбан, сметајќи дека ја поткопува демократијата во Унгарија и забранува медиуми и други слободи.

    Набргу по гласањето, Орбан објави писмо на Твитер во кое кажа дека е многу разочаран и дека нема да дозволи неговата партија да биде исфрлена од блокот.

    „Затоа ве информирам дека европратениците од редовите на Фидес се повлекуваат од членството во ЕПП. Менувањето на правилата е несомнено непријателски потег против Фидес и нашите гласачи“, вели Орбан.

    ЕПП го суспендираше членството на Фидес во 2019 година, но неговите европратеници останаа дел од групата во Европскиот парламент.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира