ПЕПЕЛТА НА МАХАТМА ГАНДИ УКРАДЕНА НА ДЕНОТ НА НЕГОВИОТ 150. РОДЕНДЕН

    ПЕПЕЛТА НА МАХАТМА ГАНДИ УКРАДЕНА НА ДЕНОТ НА НЕГОВИОТ 150. РОДЕНДЕННепознати крадци ги зеле посмртните останки на Ганди од меморијал во централна Индија (Фото: Гети)

    Дел од посмртните останки на Махатма Ганди е украден на денот што ќе беше негов 150. роденден, објави полицијата.

    Непознати крадци ја зеле пепелта од меморијал во централна Индија, каде што се чуваше од 1948 година, кога тој беше убиен од хиндуистички екстремист. Тие исто така напишале „предавник“ на фотографијата на Ганди, за каков што го сметаат некои тврдокорни хиндуисти, бидејќи тој се залагаше за единство со муслиманите. За голем број Индијци тој останува татко на нацијата.

    „Ова е срамно. Ја отворив вратата на меморијалот рано наутро бидејќи е роденденот на Ганди и кога се вратив околу 23 часот видов дека неговите посмртни останки се украдени, а фотографијата оштетена“, изјави еден од чуварите во меморијалот во Бапу Баван во државата Мадја Прадеш.

    Ганди е убиен во јануари 1948 и потоа кремиран, но неговата пепел не беше истурена во река, како што налага традицијата. Место тоа, таа била поделена и денес се чува во неколку меморијални објекти низ земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира