ПЕРУ ГО ОГРАНИЧИ ДВИЖЕЊЕТО СПОРЕД ПОЛ, ВО НЕДЕЛА НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ИЗЛЕГУВА ОД ДОМА

    ПЕРУ ГО ОГРАНИЧИ ДВИЖЕЊЕТО СПОРЕД ПОЛ, ВО НЕДЕЛА НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ИЗЛЕГУВА ОД ДОМАНовите мерки ќе бидат на сила најмалку до 12 април (Фото: Гети)

    Перу почна да спроведува нови строги мерки против ширењето на коронавирусот, ограничувајќи го движењето на своите жители според пол.

    Така мажите ќе смеат да излегуваат надвор само во понеделник, среда и петок, а жените во вторник, четврток и сабота, додека во недела на сите ќе им биде забрането да излегуваат.

    Во Перу досега има повеќе од 1.400 потврдени случаи на коронавирус, а починале 55 луѓе.

    „Досегашните мерки дадоа добри резултати, но не какви што се надевавме. Ограничувањата базирани на пол треба да го преполоват бројот на луѓето кои се движат во јавност во секое време. Мора да има помалку луѓе на улиците. Во недела кога ништо нема да работи сите мора да бидат дома“, изјави претседателот на Перу, Мартин Вискара.

    Перу воведе карантин на 16 март, а новите мерки ќе бидат на сила најмалку до 12 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира