ПЕТ МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ НА МЕЛБУРН ОДАТ ВО ШЕСТНЕДЕЛЕН КАРАНТИН ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    ПЕТ МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ НА МЕЛБУРН ОДАТ ВО ШЕСТНЕДЕЛЕН КАРАНТИН ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТВо Мелбурн денеска се регистрирани рекордни 191 нов случај на зараза (Фото: Гети)

    Премиерот на австралиската сојузна држава Викторија, Даниел Ендрјус, објави дека целиот Мелбурн ќе биде ставен во шестнеделен карантин, откако бројот на заразени со коронавирус продолжи да расте. Мерката ќе стапи на сила в четврток.

    „Алтернативата е да се преправаме дека е готово, како што некои жители на Викторија сакаат да мислат. Но, не можеме да се преправаме. Ова е прашање на живот и смрт. Ова мора да го сфатиме сериозно како шумските пожари“, изјави Ендрјус, прогласувајќи карантин од трет степен.

    Во изминатите 24 часа, во вториот најголем град во Австралија се регистрирани 191 нов случај на зараза, што е рекордна бројка од почетокот на епидемијата. Моментално има повеќе од 700 активни случаи во Викторија.

    Карантинот ќе опфати пет милиони луѓе, кои ќе смеат да излегуваат од дома само за суштински работи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира