ПЕТ ЖРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ОД 8,2, НАЈСИЛЕН ИЗМИНАТИОВ ВЕК ВО МЕКСИКО

    ПЕТ ЖРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ОД 8,2, НАЈСИЛЕН ИЗМИНАТИОВ ВЕК ВО МЕКСИКОЗемјотресот се случил во 23:49 часот по локално време, а епицентарот бил 165 километри западно од Тапачула во Чиапас, недалеку од Гватемала, на длабочина од 69,7 километри (Фото: АП)

    Во силен земјотрес на јужниот брег на Мексико загинаа најмалку пет лица, а претседателот изјави дека е најсилен потрес што ја погодил земјата во изминатиов век. Од земјотресот паднаа куќи, а создаде и бранови цунами, а луѓето трчаа во паника по улиците.

    Геолошкиот институт на САД објави дека магнитудата на земјотресот е 8,1, но претседателот Енрике Пена Нието рече дека е 8,2, што е најсилен во Мексико овие 100 години. Тој рече и дека е посилен од оној во 1985, кога загинаа илјадници во четири мексикански држави.

    „Тоа беше силен земјотрес”, рече Пена Нието. „Имаше поголема магнитуда отколку онаа што Мексиканците ја преживеаја во 1985“. Тој рече дека 62 афтершока следеле по земјотресот и можно е уште еден со магнитуда од 7.2 да удри во следните 24 часа. Пена Нието рече дека е предизвикана сериозна штета и дека 1 милион корисници првично биле без струја по земјотресот, но електричната енергија била вратена на 800.000 од нив.

    Земјотресот се случил во 23:49 часот по локално време, а епицентарот бил 165 километри западно од Тапачула во Чиапас, недалеку од Гватемала, на длабочина од 69,7 километри. Чиапас е сиромашна држава населена главно со домородни Индијанци, а е популарна кај туристите.

    Земјотресот беше толку силен што ги потресе зградите во главниот град на Мексико, кој е оддалечен 1.000 километри. Жителите избегале од зградите, многумина во пижами, и исплашени се собирале во групи на улица. Некои населби останаа во мрак откако снема струја (Фото: АП)

    Земјотресот беше толку силен што ги потресе зградите во главниот град на Мексико, кој е оддалечен 1.000 километри. Жителите избегале од зградите, многумина во пижами, и исплашени се собирале во групи на улица. Некои населби останаа во мрак откако снема струја.

    Гувернерот на Чиапас Мануел Веласко изјави дека три лица загинале во Сан Кристобал, меѓу кои и две жени кои починале кога паднала куќата. Тој ги повика луѓето што живеат во близина на брегот да ги напуштаат своите куќи како заштитна мерка.

    „Има штета на болниците кои останаа без струја”, рече тој. “Домови, училишта и болници се оштетени“.

    Гувернерот на Табаско, Артуро Нунез, изјави дека две деца починале во неговата држава. Еден од нив загина кога паднал ѕид, а другата жртва е бебе кое почина во детска болница што остана без струја при што се го прекина вентилаторот на кој било приклучено бебето.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира