ПЕТКОВ ПОБАРА ОСТАВКА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА ЈАНЕВ КОЈ ГО КОРИСТИ РЕЧНИКОТ НА ПУТИН ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    ПЕТКОВ ПОБАРА ОСТАВКА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА ЈАНЕВ КОЈ ГО КОРИСТИ РЕЧНИКОТ НА ПУТИН ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНАБугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев вели дека за руската инвазија на Украина не треба да се користи зборот „војна“, туку „специјална воена операција“, како што инсистира да се нарекува рускиот претседател Владимир Путин. (Фото:

    Бугарскиот премиер Кирил Петков побара оставка на министерот за одбрана Стефан Јанев и за неговото барање ќе се расправа на денешната вонредна седница на бугарската влада. За неговата оставка се очекува да се гласа вонредна парламентарна седница утре.

    Петков утринава кажа дека владејачката коалиција е единствена по однос на прашањето, а веќе денеска попладне треба да се знае името на новиот министер.

    Јанев, кој беше и премиер во една од техничките влади минатата година, вели дека за руската инвазија на Украина не треба да се користи зборот „војна“, туку „специјална воена операција“, како што инсистира да се нарекува рускиот претседател Владимир Путин.

    Петков смета дека ниту еден министер во неговата влада нема право на сопствена надворешна политика, особено не на Фејсбук.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира