ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО ХАОСОТ НА АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ

    ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО ХАОСОТ НА АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛИлјадници жители на Кабул синоќа се упатија кон аеродромот во обид да избегаат од земјата (Фото: АФП)

    Петмина луѓе загинаа денеска во хаосот на аеродромот во Кабул, каде што американската војска продолжува со евакуацијата на вработените во амбасадата во САД, ден откако талибанците влегоа во градот и прогласија крај на војната во Авганистан.

    Нејасно е како починале жртвите. Американски официјални лица потврдија дека војската денеска пукала во воздух со цел да спречи Авганистанци да влезат во воен авион, кој требало да превезе американски дипломати. Еден очевидец изјави дека не е познато дали загинатите биле застрелани или биле прегазени во стампедо.

    Во Кабул настанаа паника и хаос набргу откако талибанците вчера го окружија градот, а потоа и го освоија без борба. Илјадници жители синоќа се упатија кон аеродромот, обидувајќи се да фатат некој од последните комерцијални летови од земјата. Тие денеска главно се суспендирани, откако американската војска ја презеде контролата врз аеродромот и воздушниот сообраќај. Улиците на Кабул денеска се празни и пусти.

    Животот, имотот и честа на сите ќе бидат заштитени од муџахедините“, изјави портпаролот на талибанците, Сухаил Шаин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира