ПИЈАН ПАТНИК КИДНАПИРАЛ АВИОН НА „АЕРОФЛОТ“ И НАРЕДИЛ ДА ЛЕТА КОН АВГАНИСТАН

    ПИЈАН ПАТНИК КИДНАПИРАЛ АВИОН НА „АЕРОФЛОТ“ И НАРЕДИЛ ДА ЛЕТА КОН АВГАНИСТАНАвионот слетал откако екипажот успеал да го убеди патникот дека им треба дополнување на гориво

    Патник од авионот на „Аерофлот“ што летал на релацијата Сургут-Москва наредил негово свртување кон Авганистан, објави агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на извор од руската авиокомпанија.

    Сајт за следење на летови покажал дека авионот кој летал кон Москва наеднаш свртел во спротивна насока. Тој потоа слетал во Ханти-Мансиск, западно од сибирскиот град Сургут, 240 километри пред својата конечна дестинација, потврди „Аерофлот“. Авионот слетал откако екипажот успеал да го убеди патникот дека им треба дополнување на гориво.

    Полицијата кажа дека патникот се однесувал ментално нестабилно и претходно неколку пати бил предупреден за своето однесување, наводно под дејство на алкохол.

    „МБК медија“ објави дека прес-службата на „Аерофлот“ одбила да даде коментар за инцидентот, упатувајќи ги на Националниот антитерористички комитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира