ПИРАТСКАТА ПАРТИЈА ВТОРА НА ИЗБОРИТЕ, ПРЕМИЕРОТ НА ИСЛАНД ДАДЕ ОСТАВКА

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Исланд,(Њујорктајмс)

    ПИРАТСКАТА ПАРТИЈА ВТОРА НА ИЗБОРИТЕ, ПРЕМИЕРОТ НА ИСЛАНД ДАДЕ ОСТАВКА

    Премиерот на Исланд денеска соопшти дека дава оставка, откако бунтовничката Пиратска партија, која е против естаблишментот, капитализираше од бранот лутина против корупцијата и го освои второто место по број на пратеници на изборите. Премиерот Сигурдур Инги Јохансон ја објави оставката во обраќањето на ТВ, откако неговата централно-десна Прогресивна партија падна од 19 на 8 пратеници во парламентот со 63 места. Претходникот на Јохансон, Сигмундур Давид Гунлаугсон, мораше да си даде оставка во април, по обвинувањата за конфликт на интереси во откритијата од Панамските документи за скриеното богатство на елитата во земјата.

    Конзервативната Партија на независноста, која е во владејачката коалиција со Прогресивната, победи на изборите со 21 место, 2 повеќе од претходните избори.

    Но победник на денот е Пиратската партија стара 4 години, која освои 10 места, над три пати повеќе од досегашните 3 пратеници што ги освoи на минатите избори во 2013. Левичарско-зелената партија исто така освои 10 места. Левичарските партии – лево-зелените, пиратите и двајца сојузници – освоија 27 места, само 5 помалку од потребните 32 за да имаат мнозинство во исландскиот парламент, кој е најстар на светот.

    „Како Робин Худ, оти тој беше пират, сакаме да ја одземеме моќта од моќните и да му ја дадеме на народот“, вели лидерката на Пиратската партија стара 4 години Биргита Јонсдотир (во средина), поранешна активистка на Викиликс

    „Како Робин Худ, оти тој беше пират, сакаме да ја одземеме моќта од моќните и да му ја дадеме на народот“, вели лидерката на Пиратската партија Биргита Јонсдотир (во средина), поранешна активистка на Викиликс

    Изборите ја истакнаа поделеноста на политичката мапа. Десетина партии се борат за власт над електорат од околу 260.000 гласачи, со кои едвај ќе се исполнат 3 американски стадиони, на пример.

    Биргита Јонсдотир, анархистичката лидерка на Пиратската партија и поранешна активистка на Викиликс, рече дека е задоволна со резултатот.

    „Што и да се  случи, ние создадовме бран на промени во исландското општество“, рече таа.

    Околу 40 отсто од поддржувачите на Пиратската партија се под 30 години, тие ја вложија својата надеж во партијата која вети дека ќе создаде поинклузивна и потранспарентна влада. Пиратите ветија дека ќе ја зголемат директната демократија така што ќе го донесат првиот „народно создаден устав“, напишан од исландските граѓани, а не од политичарите. Парламентот го блокираше документот во 2013.

    Партијата сака и да го прераспредели богатството и да ја зголеми антикорупциската моќ на владата. (Земјата е веќе на 13 место најмалку корумпирани во светот, според Транспаренси интеренешенал, и е пред САД).)

    Кога удри големата економска криза во 2008, Исланѓаните западнаа во долгови, а банките имаа долгови од милијарди долари, многупати поголеми од исландското стопанство. Денес, стопанството се опорави, делумно благодарение на турзмот. Но бесот на јавноста се уште е длабок.

    „Ние сме платформа за млади, напредни луѓе кои го формираат и преформулираат нашето општество. Како Робин Худ, оти тој беше пират, сакаме да ја одземеме моќта од моќните и да му ја дадеме на народот“, вели лидерката Јонсдотир.

    Опонентите пак, велат дека Пиратската партија нема политичко искуство да владее и дека тоа може да ги исплаши инвеститорите и да го дестабилизира стопанството на земјата кое се опоравува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира