ПИСАТЕЛКАТА ЏИН КЕРОЛ ГО ТУЖИ ТРАМП ЗА СИЛУВАЊЕ СПОРЕД НОВ ЊУЈОРШКИ ЗАКОН

    ПИСАТЕЛКАТА ЏИН КЕРОЛ ГО ТУЖИ ТРАМП ЗА СИЛУВАЊЕ СПОРЕД НОВ ЊУЈОРШКИ ЗАКОНКерол тврди дека нападот се случил во луксузна стоковна куќа во Њујорк пред 27 години (Фото: АП)

    Писателката Џин Керол го тужи Доналд Трамп за силување кое наводно се случило во 1990-ите. Седумдесет и осумгодишната Керол е една од првите која покрена тужба според новиот закон за преживеани за возрасни, кој денеска стапи на сила во американската сојузна држава Њујорк.

    Преку овој закон, Њујорк им овозможува на жртвите на сексуален напад во рок од една година да поднесат тужба за случај кој инаку би бил застарен.

    Трамп, кој неодамна ја објави третата кандидатура за претседател на САД, ги негира обвинувањата против него. Керол тврди дека нападот се случил во гардеробата на луксузна стоковна куќа во Њујорк пред 27 години.

    Новиот закон им овозможува на жртвите да покренат тужба ако сексуалниот напад се случил кога имале повеќе од 18 години и е обликуван според њујоршкиот закон против злоставување деца. Тој стапи на сила во 2019 и оттогаш се поднесени 11.000 тужби против цркви, болници, училишта, кампови и други установи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира