Лидерите на Г7 се соочуваат со најважните одлуки во историјата на човештвото додека се обидуваат да најдат решение за климаските промени, рече сер Дејвид Атенборо.
Природонаучникот, документарист и британско национално богатство денес ќе зборува пред светските лидери од Г7 на крајот од тридневниот самит во Велика Британија, кога се очекува да ги утврдат плановите за намалување на штетните емисии и враќање на биодиверзитетот.
Пред состанокот, Атенборо предупреди дека човештвото се наоѓа на работ на дестабилизација на целата планета.
Британија, САД, Канада, Јапонија, Франција, Германија и Италија се очекува да се заложат за преполовување на емисиите на јаглерод до 2030 година, во однос на нивото од 2010.