ПЛАНИРАМ ПО ИЗБОРИТЕ ПАК ДА БИДАМ ПРЕМИЕР, КАЖА ВУЧИЌ

    ПЛАНИРАМ ПО ИЗБОРИТЕ ПАК ДА БИДАМ ПРЕМИЕР, КАЖА ВУЧИЌВучиќ беше премиер на Србија од 2014 до 2017, кога беше избран за претседател (Фото: Фејсбук)

    Александар Вучиќ најави нова рокада на функциите, па кажа дека по годинашните вонредни избори во Србија повторно би сакал да биде премиер. Во интервјуто за „Фајненшл тајмс“, српскиот претседател најави дека изборите ќе се одржат до декември.

    Вучиќ, кој со месеци им одолеваше на протестите во Србија, неодамна вети дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател и дека ќе закаже вонредни парламентарни и претседателски избори.

    Имам намера да го исполнам тоа ветување. Најверојатно прво ќе имаме парламентарни избори, кои ќе бидат одржани до почетокот на декември. Планирам после изборите да се вратам на премиерската функција“, кажа Вучиќ.

    Тој беше премиер на Србија од 2014 до 2017, кога беше избран за претседател на државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира