ПЛЕНКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА СРБИЈА МОЖЕ ДА ДОБИЕ НАФТА ОД КАДЕ САКА, САМО НЕ РУСКА, ВУЧИЌ ГО ОБВИНИ ЗАГРЕБ ДЕКА САМО ЈА ПРОДОЛЖУВА РАБОТАТА ОД 1941 ГОДИНА

    ПЛЕНКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА СРБИЈА МОЖЕ ДА ДОБИЕ НАФТА ОД КАДЕ САКА, САМО НЕ РУСКА, ВУЧИЌ ГО ОБВИНИ ЗАГРЕБ ДЕКА САМО ЈА ПРОДОЛЖУВА РАБОТАТА ОД 1941 ГОДИНАПленковиќ и Вучиќ на денешниот самит на Европската политичка заедница во Прага, Чешка. (Фото: СДК.МК)

    Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Прага кажа дека Србија не може да седи на две столици во врска со Русија и додаде дека Србија може да добие нафта од каде сака, само не од Русија.

    „Јас сум очигледно главен усташ таму во последните три месеци. Србија не може да седи на две столици. Србија може да ја добие целата нафта што ѝ треба, освен руска. Да им беше економијата на колена, да немаа бензин граѓаните, тоа би било друго, но да има Србија поевтина нафта, а ние… што сме ние, будали“, изјави Пленковиќ на пристигнувањето на самитот на Европската политичка заедница во Прага.

    Таму беше српскиот претседател Александар Вучиќ, кој кажа дека Хрватска не е крива за санкциите за руска нафта. Тој кажа дека Србија барала Западен Балкан да биде изземен од забраната на ЕУ за увоз на руска нафта.

    „Некои земји од ЕУ се изземени, како Бугарија, Унгарија… Србија не е. Хрватска само си ја работи својата работа која ја работи со децении. Повторувам, Хрватска само си ја работи својата работа која ја работи од 1941 година па наваму. Воопшто не ја обвинувам“, изјави Вучиќ.

    Согласно најновиот пакет санкции на ЕУ за Русија, од 1 ноември Србија нема да може да увезува руска нафта преку Јадранскиот гасовод кој поминува низ Хрватска.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира