ПО 27 ГОДИНИ ЗГАСНА ИНТЕРНЕТ ЕКСПЛОРЕР

    ПО 27 ГОДИНИ ЗГАСНА ИНТЕРНЕТ ЕКСПЛОРЕРИнтернет експлорер своевремено покриваше 95% од пазарот (Фото: АП)

    Легендарниот интернет пребарувач на „Мајкрософт“, Интернет експлорер, од денеска е дел од историјата. Компанијата кажа дека од 15 јуни веќе нема да го поддржува своевремено најпопуларниот пребарувач, а корисниците ќе бидат пренасочувани на неговиот наследник Еџ.

    Интернет експлорер беше влезот во интернет во ерата во која доминираше „Мајкрософт“, пред појавата на Гугл, Фејсбук и ТикТок, кога пребарувачот мораше да се инсталира во компјутер преку цеде.

    Згаснувањето на Интернет експлорер по 27 години не е изненадување, бидејќи „Мајкрософт“ го најави пред една година, додека Еџ беше лансиран уште во 2015.

    Еџ е побрз, побезбеден и помодерен пребарувач од Интернет експлорер“, вели Шон Линдерсеј, генералниот менаџер на „Мајкрософт еџ ентерпрајз“.

    Легендарниот пребарувач што го прегази времето беше лансиран со Виндоус 95 во 1995. Компанијата со години го згаснуваше, а во 2019 го користеле само 8% од луѓето. Сајтовите и апликациите засновани на Експлорер ќе продолжат да работат со Еџ најмалку до 2029 година.

    Интернет експлорер своевремено беше најпопуларниот интернет пребарувач, покривајќи 95% од пазарот во 2003. Сепак, неговото користење беше во постојан пад од 2010, кога приматот почнаа да го преземаат далеку побрзите пребарувачи Фајрфокс и Хром.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира