ПО 32 ГОДИНИ ПОЛИТИЧКА ДОМИНАЦИЈА, МИЛО ЃУКАНОВИЌ СЕ СМЕТА ЗА АУТСАЈДЕР НА ИЗБОРИТЕ ВО ЦРНА ГОРА УТРЕ

    ПО 32 ГОДИНИ ПОЛИТИЧКА ДОМИНАЦИЈА, МИЛО ЃУКАНОВИЌ СЕ СМЕТА ЗА АУТСАЈДЕР НА ИЗБОРИТЕ ВО ЦРНА ГОРА УТРЕВо првиот круг, Јаков Милатовиќ освои 6% гласови помалку од Ѓукановиќ (Фото: ЕПА)

    По 32 години доминација во политичкиот живот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ влегува како аутсајдер во утрешниот втор круг од претседателските избори, каде што за ривал ќе го има 37-годишниот економист Јаков Милатовиќ, пишува „Дојче веле“.

    Милатовиќ доаѓа од редовите на вонпарламентарното, но сè посилно движење „Европа сега“ и во првиот круг пред две недели освои речиси 29% гласови, 6% помалку од актуелниот претседател, кој е кандидат на опозициската Демократска партија на социјалистите (ДПС). Сепак, поддршка на Милатовиќ му ветија и Андрија Мандиќ и Алекса Бечиќ, кои заедно освоија 30% гласови во првиот круг, додека зад Ѓукановиќ застана петтопласираната Драгиња Вуксановиќ, за која гласаа нешто над 3% избирачи.

    Очекувам и најмалку 40.000 гласови од дијаспората и малцинските средини, каде што излезноста беше најмала во првиот круг“, кажа Ѓукановиќ.

    Било како премиер или како претседател, 61-годишниот Ѓукановиќ е лидер на Црна Гора уште од почетокот на распаѓањето на Југославија во 1991, прво како сојузник на Слободан Милошевиќ, за потоа да прифати прозападна агенда. На сегашната функција прво беше од 1998 до 2003, па повторно беше избран пред пет години.

    И додека противниците го обвинуваат Ѓукановиќ дека ја претворил Црна Гора во своја феудална држава, тој го опиша Милатовиќ како „резервен кандидат на Белград, Москва и Српската православна црква“. И најголемата црква во Црна Гора, Митрополија црногорско-приморска, ги повика избирачите утре да гласаат против Ѓукановиќ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира