ПО ДВА ДЕНА НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, СРПСКАТА ВЛАДА ОДЛУЧИ ДА НЕ ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО БЕЛГРАД

    ПО ДВА ДЕНА НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, СРПСКАТА ВЛАДА ОДЛУЧИ ДА НЕ ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО БЕЛГРАДБелград во последните два дена беше сведок на најголемите нереди во изминатите години (Фото: ЕПА)

    Српската влада одлучи да не воведе полициски час во Белград поради влошената ситуација со коронавирусот, што беше повод за нередите во главниот град во изминатите два дена, при што беа повредени десетици полицајци и демонстранти.

    „Разговаравме за евентуално враќање на мерките кои беа на сила во март и април. Се договоривме да не воведуваме мерки на територијата на целата земја, туку само во деловите каде што ситуацијата со коронавирусот е нестабилна“, изјави премиерката Ана Брнавиќ.

    Место тоа, во Белград се забрануваат сите собири на отворено и во затворено со повеќе од десет луѓе, а продавниците и трговските центри нема да работат од 21 до шест часот.

    „Штом се создадат услови, ќе ги повлечеме мерките“, изјави Брнабиќ.

    Претседателот Александар Вучиќ во вторникот најави враќање на полициски час, што поттикна протести во Белград, при што дојде до упад во српскиот парламент и до жестоки судири помеѓу полицијата и демонстрантите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира