ПО САД И ГЕРМАНИЈА, УШТЕ ЧЕТИРИ ДРЖАВИ ЌЕ Ѝ ДОНИРААТ ПРОТИВРАКЕТНИ СИСТЕМИ НА УКРАИНА

    ПО САД И ГЕРМАНИЈА, УШТЕ ЧЕТИРИ ДРЖАВИ ЌЕ Ѝ ДОНИРААТ ПРОТИВРАКЕТНИ СИСТЕМИ НА УКРАИНАЗеленски со месеци бараше противвоздушни системи од западните сојузници (Фото: украинска војска)

    Украинските сојузници од НАТО ќе му испорачаат напредни противвоздушни системи на Киев, по серија руски ракетни напади оваа недела. Оружјето ветено од Велика Британија, Канада, Франција и Холандија вклучува радари и проектили.

    САД претходно ветија напредни противракетни системи, а еден ваков систем веќе пристигнал од Германија.

    Украина доби силна поддршка на состанокот на повеќе од 50 држави во седиштето на НАТО, што Киев го опиша како историски.

    Неколку часа подоцна, Русите го гранатираа јужниот град Миколаив, а утрово и областа на Киев била нападната со камиказе дронови. Властите кажаа дека биле погодени клучни инфраструктурни објекти.

    Русија ги засили ракетните напади врз Украина како одмазда за експлозиите во кои беше тешко оштетен мостот на Крим. Западните земји одговорија со нова воена помош за Украина.

    Велика Британија кажа дека ќе донира противвоздушни проектили и стотици дронови, додека Франција исто така вети противракетни системи, појаснувајќи дека нивната главна задача ќе биде да се заштити населението од дронови. Холандија најави помош во противвоздушни проектили во вредност од 15 милиони евра, додека Канада ќе придонесе со опрема од 34 милиони долари.

    Претседателот Зеленски со месеци бараше противвоздушни системи од западните сојузници, со цел да се формира „воздушен штит“ во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира