ПОЧИНА АКТЕРСКАТА ЛЕГЕНДА БАТА ЖИВОЈИНОВИЌ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЧИНА АКТЕРСКАТА ЛЕГЕНДА БАТА ЖИВОЈИНОВИЌ

    Легендарниот српски и југословенски актер Велимир Бата Живојиновиќ починал синоќа во болница во Белград, на 83 години, по долго и тешко боледување, објавија српските медиуми. Живојиновиќ во текот на 60-годишната кариера има одиграно најмногу улоги во целиот регион, а во светот е познат по улогата во филмот „Валтер го брани Сараево“ на Хајрудин Крвавац, што беше мегапопуларен во Кина, каде дури имаше и пиво со неговиот лик на етикетата.

    На филм дебитираше во 1955 со улогата во „Песна од Кумбара“ на Радош Новаковиќ, а првата поголема улога ја има во „Воз без возен ред“ на Вељко Булајиќ во 1957. Има играно во над 340 филмови и ТВ серии, а ќе остане запаметен по улогите во „Битката на Неретва“ и „Козара“ на Булајиќ, „Бреза“ на Анте Бабаја, „Во челуста на животот“ на Рајко Грлиќ и по антологиските филмови „Маестро и Маргарита“, „Собрирачи на пердуви“ и „Три“.

    По воведувањето на повеќепартискиот систем во Србија неколкупати беше пратеник на Социјалистичката партија. На годинашниот ФЕСТ му беше доделена наградата Белградски победник за животно дело.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари