ПОЧИНА БРИТАНСКАТА КРАЛИЦА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА

    ПОЧИНА БРИТАНСКАТА КРАЛИЦА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРАЕлизабета Втора почина на 96 години, а владееше 70 години. (Фото: Кралско семејство)

    Британската кралица Елизабета Втора попладнево почина мирно во замокот Балморал во Шкотска, соопшти Кралското семејство.

    Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе останат во Балморал вечерва и ќе се вратат во Лондон утре, додаваат од Кралското семејство.

    Кралското семејство денеска се упати кон Шкотска откако беше објавено дека здравјето на кралицата е влошено. Во јуни, целата Британија го славеше платинестиот јубилеј на кралицата, односно 70 години од доаѓањето на престолот.

    Елизабета имаше само 26 години кога го наследи својот татко на британскиот престол во 1952 година и потоа стана британски монарх со најдолг стаж во историјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира