ПОЧИНА МИРА МАРКОВИЌ, МОЌНАТА СОПРУГА НА СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ

    ПОЧИНА МИРА МАРКОВИЌ, МОЌНАТА СОПРУГА НА СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌМира Марковиќ избега во Русија во 2003 година по апсењето на Милошевиќ (Фото: АФП)

    Мира Марковиќ, вдовицата на Слободан Милошевиќ и најмоќна жена во Србија во 1990-ите, почина на 76 години во Москва, каде што пред неколку дена била примена во болница во тешка состојба. Таа живееше во Русија од 2003 година, откако претходно против неа беше покренато обвинение за злоупотреба на службена положба.

    Родена во 1942, таа го запознала Милошевиќ уште додека била средношколка и се венчаа во 1965 година.

    Таа беше еден од основачите и прва претседателка на Југословенска левица, главен партнер на владејачката Српска социјалистичка партија, што ја водеше Милошевиќ. Во времето на крвавите војни во поранешна Југославија, Марковиќ важеше за моќна фигура на српската политичка сцена и личност во која Милошевиќ имал најголема доверба.

    Таа дури се доведуваше во врска со организирањето на ликвидациите на новинарот Славко Ќурувија и на поранешниот претседател на Србија Иван Стамболиќ. По апсењето на Милошевиќ, Марковиќ си синот избега во Русија, кадешто доби азил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира