Јапонката Томико Итока, признаена како најстар човек на светот од Гинисовата книга на рекорди, почина на 116 години. Итока почина во старечки дом во градот Ашија, според локалните власти.
Таа стана најстариот човек на светот во август 2024 година, кога почина Шпанката Марија Морера на 117 години.
„Госпоѓата Итока ни даваше храброст и надеж низ целиот нејзин живот. Ѝ благодариме за тоа“, кажа градоначалникот на Ашија Ријосуке Такашима во соопштение.
Итока беша роден во мај 1908 година, шест години пред Првата светска војна.
Таа беше верификувана како најстар човек на планетата во септември 2024 година и го доби официјалниот сертификат на Денот на почит на возрасните, јапонски празник во чест на постарите граѓани.
Во младоста, таа играла одбојка и двапати се искачила на планината Онтаке висока над 3.000 метри. Во подоцнежните години, таа уживаше да јаде банани и да пие Калпис, млечен напиток популарен во Јапнија, според соопштението на градоначалникот.
Таа се омажи на 20 години и има две ќерки и два сина, според Гинис. За време на Втората светска војна работела во текстилната фабрика на нејзиниот сопруг, кој почина во 1979 година и оттогаш таа живееше сама.
Во Јапонија има над 95.000 луѓе над 100 години, од кои 88 отсто се жени. Од 124-те милиони жители, речиси една третина имаат 65 или повеќе години.
Бразилската калуѓерка Ина Лукас, која е родена 16 дена по Итока, се верува дека сега е најстар човек на планетата.