ПОЧИНА ПИТЕР ХИГС, ФИЗИЧАРОТ КОЈ ЈА РАЗВИ ИДЕЈАТА ЗА „БОЖЈАТА ЧЕСТИЧКА“

    ПОЧИНА ПИТЕР ХИГС, ФИЗИЧАРОТ КОЈ ЈА РАЗВИ ИДЕЈАТА ЗА „БОЖЈАТА ЧЕСТИЧКА“Хигс доби Нобелова награда за физика во 2013 за неговата револуционерна работа (Фото: Гардијан)

    Британскиот физичар Питер Хигс, џинот на современата наука кој ја разви идејата за честичката која го доби името Хигсов бозон, почина на 94 години. Тој доби Нобелова награда за физика во 2013 за неговата револуционерна работа која покажа како бозонот помага да се врзе универзумот заедно.

    Во 1960-тите, Хигс и други физичари работеа на идеја која требаше да објасни зошто коцките на универзумот имаат маса. Тоа ја покрена потрагата по светиот грал на физиката – „божјата честичка“ која би ги објаснила трите фундемантални сили во една теорија.

    По серија експерименти, научниците конечно ја открија во 2012, користејќи го Големиот хадронски судирач во Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) во Швајцарија и ја нарекоа Хигсов бозон. Една година подоцна Хигс доби Нобелова награда заедно со Франсоа Енглерт од Белгија, кој исто така директно придонесол за ова откритие.

    Хигс беше член на Британската кралска академија и најголем дел од својот професионален живот го помина на Универзитетот во Единбург, каде што во 2012 беше отворен центар за теориска физика, кој го носи неговото име.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира