ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАКИСТАН ПЕРВЕЗ МУШАРАФ

    ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАКИСТАН ПЕРВЕЗ МУШАРАФМуашараф беше претседател од 2001 до 2008 и ја поддржа американската „војна против тероризмот“ по 11 септември. (Фото: АП)

    Поранешниот претседател на Пакистан, генералот Первез Мушараф, кој ја презеде власта со државен удар во 1999, почина на 79 години. Поранешниот лидер, кој беше претседател од 2001 до 2008, почина по долго боледување, се вели во соопштението на армијата на земјата.

    Тој преживеал бројни обиди за атентат и беше на првата линија на борбата меѓу милитантните исламисти и Западот. Мушараф ја поддржа американската „војна против тероризмот“ по 11 септември 2001 и покрај домашното противење. Во 2008 претрпе пораз на изборите и ја напушти земјата шест месеци подоцна.

    Кога се врати во 2013 за да се обиде да се кандидира на изборите, беше уапсен и му беше забрането да се кандидира. Беше обвинет за велепредавство и беше осуден на смрт во отсуство но одлуката беше укината помалку од еден месец подоцна. Го напушти Пакистан и замина во Дубаи во 2016 за да побара лекарска помош и оттогаш живееше таму во егзил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира