ПОЧИНА ПРВАТА ЖЕНА СО ПРЕСАДЕНО ЛИЦЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Франција,(АП)

    ПОЧИНА ПРВАТА ЖЕНА СО ПРЕСАДЕНО ЛИЦЕ

    Изабел Диноер, Французинката која беше првата во светот што доби пресадено лице, почина 11 години по операцијата која го овозможи пресадувањето и на други луѓе во светот. Имаше 49 години.

    Универзитетската болница во Амиен, северна Франција соопшти дека Диноер починала во април, по долго боледување. Болницата не даде други детали и не е јасно дали болеста е поврзана со трансплантацијата. Нејзиното семејство сакало да не се објавува смртта, но болницата објави соопштение откако веста ја објави француски „Фигаро“.

    Откако била унакажана од нејзиниот миленик куче лабрадор, Диноер доби нов нос, брада и усни, во историската, 15-часовна операција во 2005. Кога првпат се појави во јавноста со новото лице 4 месеци подоцна, говорот ѝ беше отежнат, лузните јасно видливи – но фактот дека може да зборува со новинарите, на кои им рече дека „има лице како сите други“ и речиси да се насмее, се сметаше за медицинско чудо. Од тогаш има 40 пресадувања на лице низ целиот свет.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари