ПОЧИНА ШЕФОТ НА КОЗА НОСТРА, МАТЕО ДЕНАРО, КОЈ БЕШЕ ФАТЕН ВО ЈАНУАРИ ПО 30 ГОДИНИ БЕГСТВО

    ПОЧИНА ШЕФОТ НА КОЗА НОСТРА, МАТЕО ДЕНАРО, КОЈ БЕШЕ ФАТЕН ВО ЈАНУАРИ ПО 30 ГОДИНИ БЕГСТВОПовеќе од 100 припадници на вооружените сили учествуваа во апсењето на Денаро (Фото: Гети)

    Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од рак во времето кога беше уапсен, а минатиот месец беше префрлен од затвор во болница.

    Озлогласениот шеф на Коза ностра беше осуден на доживотен затвор во отсуство во 2002 година за злосторства кои го вклучуваат и убиството на антимафијашките обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992. Тој исто така раководел со рекетирање, илегални депонии, перење пари и со трговија на дрога и своевремено изјави дека би можел да наполни цело гробиште со неговите жртви. 

    Иако беше во бегство од 1993, се верува дека Денаро продолжил да издава наредби од разни тајни локации. Тој се сметал за последниот чувар на тајните на Коза ностра, бидејќи ги знаел сите информации и имињата на сите поврзани со најголемите криминали на мафијата.

    Според италијанските медиуми, Денаро во петокот паднал во кома во болницата во Л‘Аквила откако побарал веќе да не му се даваат агресивни лекарски третмани.

    Повеќе од 100 припадници на вооружените сили учествуваа во неговото апсење во јануари, при што тој беше фатен во приватна клиника во Палермо, каде што примал хемотерапија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира