ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА АЛЕК БОЛДВИН ЗА СЛУЧАЈНО УБИСТВО НА СНИМАТЕЛКА, СЕ СООЧУВА СО 18 МЕСЕЦИ ЗАТВОР

    ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА АЛЕК БОЛДВИН ЗА СЛУЧАЈНО УБИСТВО НА СНИМАТЕЛКА, СЕ СООЧУВА СО 18 МЕСЕЦИ ЗАТВОРБолдвин се изјасни како невин и тврди дека не го повлекол чкрапалото кога пукнал пиштолот (Фото: АП)

    Судењето на актерот Алек Болдвин започна вчера во Ново Мексико и обвинителството и одбраната сосема различно ги претставија настаните што доведоа до смртта на кинематограферката Халина Хачинс на снимањето на вестерн филмот „Раст“.

    Болдвин може да добие затворска казна до 18 месеци ако биде осуден за ненамерно убиство. Хачинс (42) почина откако пукнал пиштолот со кој Болдвин вежбал. Откриено е дека реквизитерката Хана Гутиерес-Рид случајно ги измешала лажните куршуми со боева муниција што ја донела од дома. Актерот се изјасни како невин и тврди дека не го повлекол чкрапалото кога пукнал пиштолот.

    Во своите воведни изјави, одбраната го прикажа Болдвин како актер кој едноставно ја вршел својата работа и имал доверба на екипата задолжена да ја гарантира безбедноста на оружјето. Обвинителите, пак, тврдеа дека тој не ја почитувал безбедноста на филмски сет со мал буџет и неискусна екипа.

    Тој само се однесуваше како што правеше со години, а безбедносниот систем не беше добар. Алек Болдвин не изврши никакво злосторство. Тој беше актер кој ракува со реквизит“, рече адвокатот на Болдвин, Алекс Спиро.

    Во остатокот од судењето ќе има неколкумина сведоци и ќе се пуштаат видео и аудиоснимки од снимањето, вклучително и од денот кога Хачинс беше убиена. Судењето ќе продолжи на 19 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира