ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ТРАМП ЗА НЕЛЕГАЛНА ИСПЛАТА НА ПОРНО АКТЕРКА

    ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ТРАМП ЗА НЕЛЕГАЛНА ИСПЛАТА НА ПОРНО АКТЕРКАТрамп е првиот американски претседател, актуелен или поранешен, против кого е поднесено обвинение. (Фото: Трут Соушл/принтскрин)

    Порота во Њујорк поднесе обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во врска со нелегална исплата за молчење на порно актерката Сторми Дениелс, која тврди дека имале афера, потврди обвинителството од Менхетн.

    Трамп, кој повторно се кандидираше за претседател на изборите во 2024 година, е првиот американски претседател, актуелен или поранешен, против кого е поднесено обвинение.

    Обвинението се случува четири години откако Мајкл Коен, адвокатот кој ја направи исплатата во име на Трамп, беше осуден на три години затвор. Тој сега е сведок против поранешниот претседател.

    Трамп тврди дека обвинението е политички мотивирано и ги обвини Демократите дека го користат правниот систем како оружје да го казнат политичкиот противник кој е водечки претседателски кандидат на Републиканците.

    Засега не се знае кога треба да биде Трамп изведен пред судија, но портпаролот на Њујоршката полиција кажа дека денеска им е кажано на сите униформирани полицајци да дојдат на работа како превентивна мерка.

    Адвокатот Коен, откако беше осуден, кажа дека Трамп му наредил да ѝ плати на Дениелс 130 илјади долари за да молчи, непосредно пред претседателските избори во 2016 година, и потоа добил поврат на средствата од Организацијата Трамп.

    Трамп ја негира аферата со Дениелс и неговиот правен тим тврди дека жртва на уцена од Дениелс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира