ПОЛЕТА ПРВИОТ ПАТНИЧКИ АВИОН ОД КИНЕСКО ПРОИЗВОДСТВО

    ПОЛЕТА ПРВИОТ ПАТНИЧКИ АВИОН ОД КИНЕСКО ПРОИЗВОДСТВОАвионот „Ц919“ со 164 седишта сè уште многу се потпира на западните компоненти, меѓу кои и мотори. (Фото: Гети)

    Првиот патнички авион од кинеско производство успешно го заврши првиот комерцијален лет. Државната телевизија изутринава прикажа како „Ц919“ се издигнува на небото над Шангај, на лет кон главниот град Пекинг. Изграден е од Комерцијалната авијација на Кина (КОМАК) со надеж дека ќе ја прекине доминацијата на авионите на „Ербас“ и „Боинг“. Но, авионот со 164 седишта сè уште многу се потпира на западните компоненти, меѓу кои и мотори.

    Летот Шангај-Пекинг, со повеќе од 130 патници, траеше нешто помалку од три часа.

    Државната компанија „Чајна истерн ерлајн“ нарача пет од авионите. КОМАК, која планира за пет години да произведува 150 авиони годишно, вели дека веќе има обезбедено повеќе од 1.200 нарачки за „Ц919“. Некои експерти, сепак, велат дека повеќето од овие нарачки се писма со намери од домашни клиенти.

    Многу од главните елементи на авионот, како што се носот, трупот, надворешното крило, вертикалниот стабилизатор и хоризонталниот стабилизатор беа дизајнирани од КОМАК. Сепак, компанијата ги повика западните компании да помогнат со некои компоненти. Меѓу нив се и моторите ЛЕАП-1Ц на авионот, кои беа развиени од „ЦФМ интернешенал“, заедничко вложување помеѓу „Џенерал електрикс“ и и француската високотехнолошка индустриска групација „Сафран“.

    Претседателот Шји Џинпинг, кој седна во пилотската кабина на макета на „Ц919“ пред неколку години, го нарече проектот едно од најиновативните достигнувања на Кина. По долгогодишно истражување и развој, лансирањето на „Ц919 “се смета за клучен момент во стратегијата на Пекинг „Произведено во Кина 2025“, која има за цел да го поттикне локалното производство како и намалување на зависноста од странски авиони за авијациски сектор.

    „Ц919“ го имаше првиот пробен лет во 2017 и оттогаш имаше неколку слични летови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира