ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРЕКИНА ПРОТЕСТОТ ВО БЕРЛИН ПРОТИВ НОСЕЊЕ МАСКИ ЗАШТО НЕ СЕ НОСЕЛЕ МАСКИ

    ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРЕКИНА ПРОТЕСТОТ ВО БЕРЛИН ПРОТИВ НОСЕЊЕ МАСКИ ЗАШТО НЕ СЕ НОСЕЛЕ МАСКИПротестот помина мирно, но речиси никој не носеше маска, ниту почитуваше социјална дистанца (Фото: Ројтерс)

    Илјадници луѓе протестираа во Берлин, сметајќи дека рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, како носење заштитна маска, ги прекршуваат нивните права и слободи. Полицијата го растури протестот, зашто, како што соопшти, организаторите не ги почитувале хигиенските мерки.

    Германија вчера пријави повеќе од 900 нови случаи на коронавирус и седум починати, додека бројот на заразени е во пораст во изминатиот период.

    Официјални лица кажаа дека на протестот имало околу 20.000 луѓе, додека организаторите прогласија „ден на слобода“ по неколку месеци рестриктивни мерки. Протестот помина мирно, но речиси никој не носеше маска, ниту почитуваше социјална дистанца.

    „Сакаме да се врати демократија. Доста со овие закони кои ни се наметнати, доста со маските кои направија робови од нас“, изјави една демонстрантка.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира