ПОЛИЦИЈАТА ГО УБИ НАПАЃАЧОТ КОЈ СО КОМБЕ ВЛЕТА ВО ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ВО БЕРЛИН

    ПОЛИЦИЈАТА ГО УБИ НАПАЃАЧОТ КОЈ СО КОМБЕ ВЛЕТА ВО ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ВО БЕРЛИННапаѓачот беше убиен во населбата Шпандау. (Фото: ДПА)

    Германската полиција соопшти дека припадници на безбедносните служби го застрелале и убиле осомничениот исламист, којсиноќа со комбе влета во луѓето на големата Парада на гордоста во Берлин. Нападот со возило се случи во паркот Тиргартен, во близина на Бранденбуршката порта, синоќа околу 22:00 часот, недалеку од една од најголемите годишни европски прослави за ЛГБТК-заедницата, Ден на улицата Кристофер. Според надлежните, едно лице загинало, а 29 се повредени.

    „Околу 18:00 часот, осомничениот за вчерашниот напад во Тиргартен беше лоциран во комплекс со градини во населбата Шпандау“, објави берлинската полиција на платформата Икс. „Според првичните сознанија, тој потрчал кон полицајците вооружен со ладно оружје, по што полицијата отворила оган. И покрај итните напори за реанимација од страна на берлинската противпожарна служба, тој починал на самото место“.

    Портпарол на федералното обвинителство потврди дека едно лице било застрелано и прогласено за мртво.

    Берлинската полиција го идентификуваше осомничениот како 21-годишниот Абдул Б. и ја објави неговата фотографија, барајќи од јавноста информации за неговата локација. Осомничениот „претходно го привлекол вниманието поради голем број кривични дела, радикализација и припадност кон исламистички кругови“, изјави претходно министерот за внатрешни работи Александар Добринт, додавајќи дека станува збор за германски државјанин со либанско потекло, роден во Германија во 2005 година.

    Добринт денеска рече дека полицијата го третира ова како исламистички терористички напад.

    Ова е последниот во низата напади со возила врз толпи луѓе во Германија во последните години, кои ја интензивираа дебатата за безбедноста и имиграцијата во услови на пораст на поддршката за екстремната десница.

    Пред комеморацијата во црквата „Света Марија“ во Берлин, лидерот на демохристијаните (ЦДУ), Фридрих Мерц, ги повика Германците да ги штитат либералните вредности.

    „Ќе ги браниме слободата, отвореноста и либералниот дух на нашите животи и на нашето општество со сите расположливи средства“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира