ПОЛИЦИЈАТА ВО БАРСЕЛОНА ПУКАШЕ ВО УКРАДЕН КАМИОН СО ПЛИНСКИ БОЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:37:"Барселона,(СкајЊуз)

    ПОЛИЦИЈАТА ВО БАРСЕЛОНА ПУКАШЕ ВО УКРАДЕН КАМИОН СО ПЛИНСКИ БОЦИ

    Едно лице е уапсено од полицијата во Барселона откако возеше камион полн со плински боци во спротивен правец на булевар.

    Возилото удри во неколку автомобили близу градското пристаниште пред полицијата да почне да пука кон него. Полицијата не ги потврди истрелците, но кажа дека возачот на камионот е на распит.

    Телевизијата ТВЕ објави дека камионот со плински боци бил украден додека сопственикот вршел достава и додаде дека уапсениот е шведски државјанин, кој не бил повреден при пукотницата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира