ПОЛКОВНИК НА ИРАНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ГАРДА УБИЕН ВО РЕДОК АТЕНТАТ ВО ТЕХЕРАН

    ПОЛКОВНИК НА ИРАНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ГАРДА УБИЕН ВО РЕДОК АТЕНТАТ ВО ТЕХЕРАНСајад Кодаи е убиен пред својот дом од двајца напаѓачи на мотор (Фото: ЕПА)

    Полковник на моќната Иранска револуционерна гарда (ИРГЦ) е убиен во редок атентат во Техеран. Двајца напаѓачи на мотор пет пети го застрелале Сајад Кодаи во автомобил пред неговиот дом.

    Досега ниедна група не ја презела одговорноста за вчерашниот напад, но ова се смета за најголемиот пробив на иранската безбедност од убиството на водечкиот нуклеарен физичар Мохсен Фаризадех во 2020.

    Кодаи беше висок член на елитната единица Кудс, внатрешно крило на ИРГЦ, кое спроведува операции во странство. САД ја обвинија единицата за поддршка на терористички организации и за напади низ Блискиот Исток.

    Полковникот беше убиен од заколнети непријатели на Иран, кои се терористички агенти исполнети со глобална ароганција“, соопшти иранското министерство за надворешни работи.

    Кодаи е вториот висок припадник на Кудс убиен во изминатите години, по атентатот на генералот Касем Солејмани во 2020 во Ирак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира