ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЖИВОТНИ УМРЕЛЕ ВО ПОЖАРИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

    ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЖИВОТНИ УМРЕЛЕ ВО ПОЖАРИТЕ ВО АВСТРАЛИЈАЖивотинскиот свет претрпи огромни загуби во изминативе месеци (Фото: Ројтерс)

    Речиси половина милијарда животни умреле во катастрофалните пожари кои ја пустошат Австралија веќе со месеци, при што се стравува дека некои видови се целосно искоренети.

    Екологистите од Универзитетот во Сиднеј проценуваат дека се изгубени околу 480 милиони цицачи, птици и влекачи и очекуваат оваа бројка да продолжи да расте.

    Ситуацијата е најтешка во сојузните држави Викторија и Нов Јужен Велс, кој прогласи вонредна состојба, бидејќи високи температури и силни ветрови се најавуваат и за претстојниот викенд, што ќе предизвика екстремно голема опасност од ширење на огнот. Војската подготвува евакуација на 4.000 луѓе кои се заробени во соседната Викторија.

    Коалите се меѓу животните кои најтешко настрадаа во пожарите бидејќи тие бавно се движат и се хранат само со листови од еукалиптус, кои се богати со масло и затоа се лесно запаливи. Се верува дека во последните четири месеци умреле 8.000 коали, што е една третина од нивната популација во Нов Јужен Велс.

    Од септември, во пожарите загинаа 18 луѓе и уште 17 се водат како исчезнати, а изгореле над 1.200 домови.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира