Полскиот парламент денеска изгласа одлука со која четири предлог-закони за абортусот ќе бидат испратени во специјална комисија. Полска ги има најстрогите закон против абортусот во Европската Унија и владата на Доналд Туск вети дека ќе ги ублажи.
Два предлог-закона, поддржани од Туск, предвидуваат абортусот да биде дозволен до 12. недела од бременоста, еден се однесува на негова декриминализација, а четвртиот, предложен од конзервативната алијанса Третиот пат, бара враќање на строгите закони од 1993.
„Ова е само првиот чекор. Последниот ќе биде кога на сила ќе стапи правото на абортус до 12. недела од бременоста, се надевам најбрзо што може“, изјави пратеничката Катарзина Лубнауер од Модерната партија.
Сепак, претседателот Анджеј Дуда ќе може да стави вето на секоја промена.
Сегашниот закон против абортусот беше воведен од претходната влада во 2020 и со него оваа процедура беше забранета речиси во целост.