ПОЛУГОЛИ АКТИВИСТИ ЈА ПРЕКИНАА СЕДНИЦАТА ЗА БРЕГЗИТ И НА ПРАТЕНИЦИТЕ ИМ ГИ ПОКАЖУВАА ЗАДНИЦИТЕ

    ПОЛУГОЛИ АКТИВИСТИ ЈА ПРЕКИНАА СЕДНИЦАТА ЗА БРЕГЗИТ И НА ПРАТЕНИЦИТЕ ИМ ГИ ПОКАЖУВАА ЗАДНИЦИТЕПолицијата соопшти дека се приведени 12 лица за „недолично јавно однесување“ (Фото: ЕПА)

    Полуголи активисти против климатски промени упаднаа на дебатата за брегзит во британскиот парламент и речиси 20 минути на пратениците им ги покажуваа задниците преку стаклото во јавната галерија.

    Пратениците се обидуваа да ја продолжат дебатата за време на мирниот протест на 11-те активисти од групата „Екстинкшн ребелион“, иако некои од нив ги спомнаа во своите говори. Демонстрантите имаа испишани пораки на своето тело, а некои носеа и маски.

    Полицијата дојде по 20-ина минути и ја испразни галеријата, изведувајќи ги демонстрантите поединечно, некои и со примена на сила. Подоцна беше соопштено дека се приведени 12 лица за „недолично јавно однесување“.

    „Климатските промени е темата што медиумите и власта упорно ја избегнуваат и затоа сакавме да привлечеме внимание за време на кризата околу брегзит“, изјави еден од активистите Марк Овленд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира