ПОМЕЃУ СОЈУЗНИЦИТЕ СЕ РАЗВИВА СЕРИОЗНА КРИЗА, КАЖА ФРАНЦИЈА ПО ФОРМИРАЊЕТО НА НОВИОТ БЕЗБЕДНОСЕН ПАКТ АУКУС

    ПОМЕЃУ СОЈУЗНИЦИТЕ СЕ РАЗВИВА СЕРИОЗНА КРИЗА, КАЖА ФРАНЦИЈА ПО ФОРМИРАЊЕТО НА НОВИОТ БЕЗБЕДНОСЕН ПАКТ АУКУСПоради АУКУС, Австралија го откажа договорот за подморници со Франција, вреден десетици милијарди долари (Фото: АП)

    Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан ги обвини САД и Австралија дека лажеле за новиот безбедносен пакт АУКУС, што го натера Париз да ги повлече амбасадорите во овие две земји. Тој ги обвини двете држави за дволичност, непочитување и за големо кршење на довербата.

    Во рамките на АУКУС, Австралија ќе добие американска и британска технологија за изградба на подморници на нуклеарен погон, додека истовремено го откажа договорот за подморници со Франција, вреден десетици милијарди долари.

    „Австралија беше отворена и искрена кон Франција во врска со грижите околу договорот за подморници“, кажа министерот за одбрана Питер Дутон.

    Франција кажа дека била информирана за договорот само неколку часа пред да биде официјално објавен оваа недела. Тоа ја разбесни Франција и предизвика досега невидена дипломатска криза, која, според аналитичарите, би можела долготрајно да ѝ штети на американската алијанса со Европа.

    „Помеѓу сојузниците се развива сериозна криза. Тоа што првпат во историјата на односите помеѓу Франција и САД го повлековме амбасадорот заради консултации е сериозен политички чин, кој ја покажува силината на кризата“, изјави Ле Дријан.

    Тој кажа дека двајцата амбасадори биле повикани дома за да се преиспита ситуацијата и истовремено ја обвини Велика Британија за константен опортунизам.

    „Немаше потреба да го отповикаме амбасадорот во Британија зашто таа во целата ситуација е како трето тркало“, рече Ле Дријан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира