ПОМИЛУВАН АМЕРИКАНЕЦ КОЈ ПОМИНА 26 ГОДИНИ ВО ЗАТВОР ПОГРЕШНО ОСУДЕН ЗА УБИСТВО

    ПОМИЛУВАН АМЕРИКАНЕЦ КОЈ ПОМИНА 26 ГОДИНИ ВО ЗАТВОР ПОГРЕШНО ОСУДЕН ЗА УБИСТВОДонте Шарп беше осуден на доживотен затвор за убиство со умисла, кога имаше 19 години. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Маж од Северна Каролина, кој одлежа 26 години во затвор, иако беше погрешно осуден за убиство, доби целосно помилување од гувернерот на американската држава.

    Донте Шарп се бореше да ја докаже својата невиност уште од неговото апсење во 1994 година. Тој беше пуштен од затвор во август 2019 година.

    „Моето презиме е исчистено. Тоа беше товар на моите рамења и на рамењата на моето семејство“, изјави тој.

    Гувернерот Рој Купер кажа во соопштение дека одлуката за помилување ја донел по внимателно разгледување на случајот, додавајќи дека оние што се погрешно осудени како Шарп заслужуваат јавно и целосно да им биде исправена неправдата,

    Со помилувањето, Шарп има право да бара компензација од државата.

    Тој беше осуден на доживотен затвор за убиство со умисла, кога имаше 19 години, но неколку месеци по судењето, очевидците го повлекоа сведочењето. Сепак, потребни беа над две децении за да биде поништена пресудата и тој да биде ослободен од затвор.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира