ПОМОШНИКОТ НА РЕЖИСЕРОТ МУ ГО ДАЛ ПИШТОЛОТ НА БОЛДВИН И МУ КАЖАЛ ДЕКА Е БЕЗБЕДЕН ПРЕД ПУКАЊЕТО

    ПОМОШНИКОТ НА РЕЖИСЕРОТ МУ ГО ДАЛ ПИШТОЛОТ НА БОЛДВИН И МУ КАЖАЛ ДЕКА Е БЕЗБЕДЕН ПРЕД ПУКАЊЕТОУбиената снимателка Халина Хачинс на снимањето на вестернот со Алек Болдвин. (Фото: Инстаграм)

    Пиштолот со кој актерот Алек Болдвин пукаше на снимање и уби жена, му бил даден од помошникот на режисерот, кој му кажал дека е безбеден, извикувајќи „ладен пиштол“, израз за пиштол без вистинска муниција. покажаа судски документи. Помошникот на режисерот, Дејв Холс, не знаел дека пиштолот содржел вистинска муниција.

    Снимателката Халина Хачинс беше застрелана во градите во инцидентот што се случи во четвртокот за време на снимање на филм во Санте Фе, Ново Мексико. Повреден е и режисерот Џоел Соуза, кој стоел зад неа. 48-годишникот беше ранет во рамето и по медицинска интервенција е пуштен од болница.

    63-годишниот Болдвин беше сослушан во рамки на истрагата, но засега никој не е обвинет за инцидентот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира