ПОРАДИ ЗАКАНА ЗА БОМБА ЕВАКУИРАН ДВОРЕЦОТ ВЕРСАЈ, ЗАТВОРЕН И ДЕЛ ОД СТАНИЦАТА ГАР ДЕ ЛИОН ВО ПАРИЗ

    ПОРАДИ ЗАКАНА ЗА БОМБА ЕВАКУИРАН ДВОРЕЦОТ ВЕРСАЈ, ЗАТВОРЕН И ДЕЛ ОД СТАНИЦАТА ГАР ДЕ ЛИОН ВО ПАРИЗВерсај е затворен поради предупредува преку анонимна порака на Интернет. (Фото: УНЕСКО)

    Францускиот дворец Версај во Париз денеска беше евакуиран по закана за бомба, изјавија полициски извори за АФП. Предупредувањето дојде преку анонимна порака на Интернет, а палатата која е главна туристичка атракција, ќе биде затворена најмалку до крајот на денот.

    Денеска поради писмо со закана беше затворен и евакуиран и музејот Лувр во Париз. Попладнево, по откривањето на шише азотен оксид, беше евакуирана и една од салите на железничката станица Гар де Лион во Париз, од каде што тргнуваат главните железнички линии кон југоисточниот дел на Франција.

    Француската влада вчера го подигна нивото на тревога за закана и распореди 7.000 војници за да ја зголеми безбедноста по вчерашниот напад на училиштето во градот Арас. Француските власти соопштија дека поранешен ученик осомничен за исламска радикализација убил наставник и ранил уште три лица пред да биде фатен. Владата е загрижена и за последиците во Франција од војната меѓу Израел и Хамас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира