ПОРАНЕШНИОТ ШПАНСКИ КРАЛ ХУАН КАРЛОС ИЗБЕГА ОД ЗЕМЈАТА ПО ОТВОРАЊЕТО ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈА

    ПОРАНЕШНИОТ ШПАНСКИ КРАЛ ХУАН КАРЛОС ИЗБЕГА ОД ЗЕМЈАТА ПО ОТВОРАЊЕТО ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈАВо јуни, Врховниот суд на Шпанија отвори истрага за наводна вмешаност на Хуан Карлос во договор за брза железница во Саудиска Арабија. (Фото: Гети)

    Поранешниот крал на Шпанија Хуан Карлос ја напушти земјата и замина за непозната локација, по неколку недели откако беше поврзан со истрага за наводна корупција. 82-годишниот Хуан Карлос го најави заминувањето во писмо до неговиот син, кралот Фелипе, на кого му ја предаде власта пред шест години.

    Тој вели дека ќе им биде достапен на обвинителите ако им требаат негови изјави. Шпанските медиуми пренесуваат дека заминал за Доминиканска Република.

    Во јуни, Врховниот суд на Шпанија отвори истрага за наводна вмешаност на Хуан Карлос во договор за брза железница во Саудиска Арабија. Против него се води истрага во Шпанија и во Швајцарија.

    Според дописникот на Би-Би-Си за Европа, ова е понижувачко бегство за еден крал, кој можеше да остане запаметен во историјата како лидерот кој умешно ја водеше Шпанија од диктатура во демократија по смртта на генералот Франко во 1975.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира