ПОСЕБНО МЕСТО ВО ПЕКОЛОТ ЗА ОНИЕ КОИ ГО ФОРСИРААТ БРЕГЗИТ, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ ДОНАЛД ТУСК

    ПОСЕБНО МЕСТО ВО ПЕКОЛОТ ЗА ОНИЕ КОИ ГО ФОРСИРААТ БРЕГЗИТ, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ ДОНАЛД ТУСКТереза Меј утре во Брисел уште еднаш ќе се обиде да издејствува измени во договорот за повлекување на Британија од ЕУ (Фото: Гети)

    Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека оние кои го форсираат брегзит без да имаат план како да го спроведат ќе добијат посебно место во пеколот.

    Британската влада го предупреди Туск дека не би требало да користи таков речник. Тој го напиша ова на Твитер по средбата со ирскиот премиер Лео Варадкар во Брисел.

    Имавме силна и активна референдумска кампања во земјава. Во една од најголемите демократски вежби во нашата историја, народот гласаше за излегување од Европската Унија и сите треба да се фокусираме на тоа да го спроведеме“, изјави портпаролот на премиерката Тереза Меј.

    Таа утре треба да допатува во Брисел, каде што ќе бара измени на договорот за повлекување потпишан со Европската Унија, што потоа треба да ѝ помогне да го истурка во британскиот парламент. Туск кажа дека 27-те членки на Унијата уште во декември донеле одлука дека за договорот за повлекување нема повторно да се преговара.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира