ПОСЕТАТА НА ЗЕЛЕНСКИ НА ВАШИНГТОН Е ДОКАЗ ДЕКА САД И УКРАИНА НЕ САКААТ МИР, ВЕЛИ КРЕМЉ

    ПОСЕТАТА НА ЗЕЛЕНСКИ НА ВАШИНГТОН Е ДОКАЗ ДЕКА САД И УКРАИНА НЕ САКААТ МИР, ВЕЛИ КРЕМЉПосетата на Зеленски со месеци била договарана во строга тајност (Фото: АП)

    Русија силно ја критикуваше посетата на Володимир Зеленски на Вашингтон и ги обвини САД дека водат индиректна војна против неа.

    На средбата со Зеленски, Џо Бајден објави нова воена помош за Украина од 1,85 милијарди долари и вети дека САД ќе бидат со неа колку што е потребно. Рускиот амбасадор во САД, Анатоли Антонов, изјави дека овие провокативни акции би можеле да доведат до ескалација со сериозни последици.

    Москва повикува на здрав разум на сите нивоа, но најавите за испорака на ракетен систем ‘патриот‘ во Украина се длабоко вознемирувачки“, кажа Антонов.

    Кремљ се пожали дека никакви повици за мир не беа слушнати за време на посетата на Зеленски, што според портпаролот Дмитри Песков е доказ дека САД водат индиректна војна со Русија.

    Ниту испораката на ‘патриот‘ нема да ја спречи Русија да ги оствари целите на специјалната воена операција. Разговорите во Вашингтон покажаа дека ниту Украина, ниту САД не сакаат мир. Тие едноставно имаат намера да продолжат со борбите“, кажа портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

    Посетата на САД, која со месеци била договарана во строга тајност, беше првото патување во странство за Зеленски од почетокот на војната. Тој се сретна со Бајден во Белата куќа и одржа говор во Конгресот, истакнувајќи дека Украина никогаш нема да се предаде.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира