ПОТВРДЕНИ ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ ОД ВКУПНО 17,5 ГОДИНИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕТЕТО КОЕ ИЗВРШИ МАСАКР ВО ОСНОВНО ШКОЛО ВО БЕЛГРАД

    ПОТВРДЕНИ ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ ОД ВКУПНО 17,5 ГОДИНИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕТЕТО КОЕ ИЗВРШИ МАСАКР ВО ОСНОВНО ШКОЛО ВО БЕЛГРАДКоста Кецмановиќ уби деветмина ученици и еден чувар, по што ѝ се предаде на полицијата (Фото: Нова.рс)

    Вишиот суд во Белград им изрече затворски казни на родителите на тинејџерот Коста Кецмановиќ, кој го изврши масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај 2023. На повтореното судење, Владимир Кецмановиќ доби 14 и пол години затвор, а Миљана Кецмановиќ две години и 11 месеци затвор.

    Владимир беше обвинет за тешко дело против општата безбедност и за запуштање и занемарување на малолетниот син, додека Миљана во повторената постапка се товареше само за запуштање и занемарување на синот.

    Апелацијата претходно ја намали казната на Немања Маринковиќ, инструкторот во стрелачкиот клуб „Партизан“, каде што Владимир го водеше својот син да вежба пукање. Неговата казна е намалена на една година домашен притвор.

    Пет месеци домашен притвор доби сопственикот на стрелачкиот клуб Ратко Ивановиќ.

    Родителите на Коста Кецмановиќ добија идентични затворски казни и на првото судење, кое заврши во декември 2024.

    Во нападот што го шокираше целиот регион, тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ уби деветмина ученици и еден чувар, по што ѝ се предаде на полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира