ПОЖАРИ БЕСНЕАТ НИЗ СЕВЕРНА КАЛИФОРНИЈА, НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ЗАГИНАТИ

    ПОЖАРИ БЕСНЕАТ НИЗ СЕВЕРНА КАЛИФОРНИЈА, НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ЗАГИНАТИНад 20.000 луѓе беа евакуирани од своите домови (Фото: Си-Ен-Ен)

    Пожар што се шири со голема брзина однесе најмалку десет животи во северна Калифорнија, при што се уништени повеќе 1.500 домови и други објекти.

    Најтешко се погодени винските области Нејпа и Сонома, каде што загинаа девет луѓе.

    Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, прогласи вонредна состојба за подрачјата опфатени со пожарот, што се заканува на уште многу домови.

    Благодарение на силни ветрови, пожарот се прошири на неколку области, зафаќајќи површина од 38.000 хектари за период од 24 часа. Притоа беше наредена евакуација на повеќе од 20.000 луѓе од нивните домови.

    Пожарот избувна во неделата вечер по локално време и во понеделникот се прошири со голема брзина, како резултат на сувите услови.

    „Очекуваме бројката на мртви да се зголемува. Тоа е логично. Се уште има луѓе кои не се евакуирани“, изјави шефот на полицијата во Сонома, Роберт Џордано.

    Големи штети има и во градот Санта Роза.

    „Имав среќа, јас и мојот дом сме добро. Но, мојот град не е “. кажа градоначалникот на Санта Роза, Крис Корси.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари