ПОЖАРИТЕ СЕВЕРНО ОД АТИНА СЕ ВОН КОНТРОЛА, ДОСЕГА ЕВАКУИРАНИ НАД 60 СЕЛА

    ПОЖАРИТЕ СЕВЕРНО ОД АТИНА СЕ ВОН КОНТРОЛА, ДОСЕГА ЕВАКУИРАНИ НАД 60 СЕЛАВременските прилики не им одат во прилог на пожарникарите (Фото: АП)

    Илјадници луѓе избегаа ноќеска од своите домови во северниот дел на Атина откако пожарите се проширија на уште неколку предградија, додека пожарникарите веќе четири дена водат тешка битка со огнената стихија, која се доближи до населени области, електрични инсталации и историски локалитети.

    На островот Евија, кој е тешко погоден од пожарите, властите организираа голема операција за евакуација на повеќе од 600 луѓе со патролни и приватни бродови.

    Во услови кога жешкиот бран не попушта, пожарот голта шумски области 20 километри северно од Атина, уништувајќи уште домови. Неколкумина пожарникари и волонтери се примени во болница со изгореници.

    „Поминуваме низ десеттиот ден на голем жежок бран, кој ја погоди целата земја“, изјави генералот на противпожарната служба на Атина, Аристотелис Пападопулос.

    Речиси 60 села и населени места се евакуирани вчера и утрово низ јужна Грција, при што се очекува временските прилики да се влошат, бидејќи во поголемиот дел од земјата се најавуваат силни ветрови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира