ПОЖАРИТЕ ВО КАЛИФОРНИЈА СЕ ВОН КОНТРОЛА, СЕ ЕВАКУИРААТ ДВА ГРАДА

    ПОЖАРИТЕ ВО КАЛИФОРНИЈА СЕ ВОН КОНТРОЛА, СЕ ЕВАКУИРААТ ДВА ГРАДАПожарникарите признаваат дека ја губат битката со огнот (Фото: Гети)

    Околу 27.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, откако властите признаа дека пожарите што беснеат низ Јужна Калифорнија се надвор од контрола.

    Властите наредија задолжителна евакуација во градовите Вентура и Санта Пола, 115 километри северно од Лос Анџелес.

    Пожарникарите предупредуваат дека огнот, потпомогнат од силни ветрови, се шири толку брзо што не можат да го запрат.

    Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, прогласи вонредна состојба во областа Вентура, ветувајќи дека „ќе го нападнат огнот со сѐ што имаат“.

    Досега се уништени 150 објекти во градот Вентура, а 260.000 луѓе останаа без електрична енергија.

    Над 1.000 пожарникари деноноќно се борат со таканаречениот пожар Томас, но признаваат дека ја губат битката.

    „Шансите да го задржиме огнот не изгледаат добро. Мајка природа ќе одлучи“, кажа шефот на пожарникарите од Вентура, Марк Лоренцен.

    И за наредните денови се најавуваат жестоки ветрови и ниска влажност, што ќе создаде екстремно опасни услови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира