ПРАТЕНИК НАЦИОНАЛИСТ ОТСТРАНЕТ ОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ХОЛОКАУСТОТ ВО ГЕРМАНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Берлин,(АП)

    ПРАТЕНИК НАЦИОНАЛИСТ ОТСТРАНЕТ ОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ХОЛОКАУСТОТ ВО ГЕРМАНИЈА

    Лидерот на националистичката партија Алтернатива за Германија (АфД) во Турингија беше отстранет од два настани на Денот на паметење на Холокаустот како протест против неговиот предлог Германија да стави крај на традицијата на признавање и искупување за нацистичкото минато.

    Бјерн Хеке и други пратеници од АфД го напуштија покраинскиот парламент денеска откако им беше кажано дека комеморацијата нема да продолжи ако тие се присутни, јави агенцијата ДПА. АфД го нарече исклучувањето „сериозно нарушување на парламентарната пракса“.

    На Хеке му беше кажано дека не е добредојден и на друг настан во поранешниот коцентрационен камп Бухенвалд и беше отстранет кога се појави и покрај предупредувањето. Хеке минатата недела го нарече споменикот на Холокаустот во Берлин „споменик на срамот“ и кажа дека Германија треба да има позитивен однос кон својата историја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира