ПРАТЕНИЦИТЕ ОД БРЕГЗИТ ПАРТИЈАТА СВРТЕА ГРБ ПРИ ИНТОНИРАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА ХИМНА ВО СТРАЗБУР

    ПРАТЕНИЦИТЕ ОД БРЕГЗИТ ПАРТИЈАТА СВРТЕА ГРБ ПРИ ИНТОНИРАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА ХИМНА ВО СТРАЗБУРБрегзит партијата освои 29 пратенички места на неодамнешните европски избори (Фото: Европски парламент)

    Пратениците од Брегзит партијата на Најџел Фараж покажаа непочитување кон Европската Унија кога денеска положија заклетва во Европскиот парламент, три години откако Велика Британија изгласа излегување од Унијата.

    Дваесет и деветмина членови на оваа британска партија се свртеа со грб кога во Стразбург беше пуштена „Ода на радоста“, своевидна европска химна. Тие денеска првпат дојдоа во зградата на Европскиот парламент, откако Брегзит партијата минатиот месец оствари голем успех на европските избори.

    „Имам чудно чувство дека тие ќе бидат таму и на 1 ноември, кога Велика Британија треба да излезе од ЕУ. Ќе видиме. Ние не сме овдека за да правиме штета, туку пркосно ќе стоиме за британскиот народ, кој јасно порача дека сака да ја напушти Унијата. Има многу показатели дека евроскептицизмот е зајакнат во последните месеци. Нема да дозволиме никој да ги навредува Британците“, изјави Фараж.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира